дома Вести Мексиканскиот претседател понуди азил за Асанж

Мексиканскиот претседател понуди азил за Асанж

227
0
АКЦИЈА

Мексико е подготвено да му понуди политички азил на Џулијан Асанж и со тоа да ја поддржи одлуката на британскиот судија да одбие екстрадиција на основачот на Викиликс во САД, изјави претседателот на Мексико, Мануел Лопез Обрадор.

– Асанж е новинар и заслужува шанса. Јас се залагам за неговото помилување – рече Обрадор. Тој додаде дека Мексико ќе му пружи заштита.

Британската судијка Ванеса Бараитсер претходно денеска соопшти дека основачот на Викиликс, Џулијан Асанж (49) нема да биде екстрадиран во САД по обвинението за шпионажа , објаснувајќи дека тоа би била репресивна мерка поради неговата психичка состојба. Таа истакна дека Асанж најверојатно би извршил самоубиство доколку биде испратен во САД.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here