дома Балкан Заев: Во најава вакцини и од Кина

Заев: Во најава вакцини и од Кина

226
0
АКЦИЈА

Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју за Сител рече дека верува оти во следните денови Европската унија ќе донесе одлука 5 отсто од вакцините да бидат наменети за Западен Балкан.

Вели дека Македонија ќе си ги плати вакцините, но важно е да пристигнат во државата.

Заев рече дека освен договорот со Фајзер за набавка на 800.000 вакцини, има најави и од Кина.

-Ние имаме најави и со Кина за некои 200.000 вакцини. Тие велат во јануари, но не знаеме, допрва ќе видиме кои се условите. Кина има пет вакцини кои што ги поминале фазите и тие веќе се дистрибуираат надвор од Кина и две кои што се фаза на тестирање – целосно потврдени од СЗО. За нас тоа е важно и важно е час поскоро да пристигнат, рече Заев.

Премиерот рече дека се очекуваат вакцини и од соседите членки на ЕУ, но и од Австрија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here