дома Вести Се огласи поранешниот другар на Апасиев: Здравко Савевски му постави дополнително прашање...

Се огласи поранешниот другар на Апасиев: Здравко Савевски му постави дополнително прашање на Заев

249
0
АКЦИЈА

По сè што се случи вчера, на седницата за пратенички прашања, кога премиерот Заев упати хипотетичко го прашање до Апасиев, како одговор на неговото, синоќа и денес се разви голема полемика во медиумите и социјалните мрежи.

Фото: Јутјуб пронтскрин

Медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ и функционерите од таа партија, репликата на Заев ја протолкуваа како искрено признание дека СДСМ соработувала со Левица.

Од Левица пак, преку соопштение го дадоа нивниот став за ситуацијата:

Фото: Јутјуб принтскрин

„Одговорот на Заев беше во саркастична форма, со цел да му врати на острото прашање поставено од пратеникот Апасиев, за тоа дали е точно дека нудел поткуп на пратеници по предвремените избори за околу 300.000 евра, а тие не биле ниту од СДСМ, ниту од ДПМНЕ.

Фото: Јутјуб пронтскрин

Одговорот на Заев не беше потврдна форма, или некакво тврдење, туку тој само со голема доза на сарказам направи споредба, за тоа како би звучело доколку тој праша такво нешто, што во суштина не е точно.

Фото: Јутјуб принтскрин

Поради ова, очекуваме вака пренесениот негов одговор во форма на вест да биде отстранет, или пак да го дополните со објаснување, за да не дојде до погрешен фидбек, или погрешно примање на пораката од страна на јавноста.

Фото: Јутјуб пронтскрин

Потенцираме дека, ниту со СДСМ, ниту со Заев сме немале никаков контакт пред изборите, а за некаков договор не доаѓа ни предвид. Сите контакти после изборите се во рамките на парламентарното делување, односно професионална комуникација како и со останатите партии.“

На социјалните мрежи се огласи и поранешниот висок функционер на партијата Левица, Здравко Савевски:

„Вадењето на долниот веш на Заев во репликата кон Апасиев многу кажа. Прво, тоа го покажа калкулантскиот однос на СДСМ кон Левица. И го начна одговорот на прашањето:

Фото: Јутјуб принтскрин

-Како е можно цела редица судии и обвинители да се прават слепи при крајно аматерските фалсификати на Апасиев со кои тој, вршејќи кри-вично дело фал-си фикување документи (за што се оди за-твор), успеа по судски пат да ја приграби Левица.

Второ, ја исфрла на површина беспринципиелноста на Апасиев. Нему ли името, македонштината нешто му значеле?

Седнал на маса со „северџанот“ Заев и – направил дил. Чисто заради политичка калкулација (која има и финансиски бенефити). А сега ги поткопува обидите на ВМРО да го тргнат Заев „Северџанецот“ од премиер, зашто, батали празнозборење, направил Апасиев калкулација дека за него во моментов не е политички опортуно да биде тргнат Заев. А можеби и отплаќа стар долг?

Трето, целото поткопување на правото што го направија Заев и Апасиев во случајот со уништувањето на Левица е многу болно за сите нас што сакавме да понудиме поинаква партија, владеење во интерес на обичниот човек.

Гледаш, речиси никој не се интересира да ја слушне аргументацијата за кри-ви чното дело на Апасиев. Можеби си во право, можеби не си, но – не ги интересира луѓето. Ја преферираат демагогијата пред правдата.

Гледаш, гајле им е на луѓето што тебе и Мариглен ве’ влечкаат по судови неверојатни 4 и пол години за минорно дело што не сте го направиле. А ти си сакал да им помогнеш на луѓето што еден збор за поддршка не ти кажуваат.

Ти го уништиле животот, зошто? Зашто си се обидел политиката да не биде само кри-минал и нечесност. Ајде што тебе тоа ти го направиле, сфаќаш дека секој што ќе се обиде да оди по тој пат – истото ќе му се случи.

Фото: Јутјуб принтскрин

Така што, мнозинството овде, со својот низок морал и со своето готованство си ги заслужуваат корупмираните политичари. Си го заслужуваат и Заев и Грујо и Мицкоски и Апасиев.

Наздравје бричење! Среќна нова ’48-ма! Не очекувај промена ако самиот не си подготвен да се промениш и да промениш!“

Во својот статус синоќа, Савевски и директно упати прашање до премиерот Заев:

„Ајде и јас да поставам прашање до Заев. Дали е точно дека го инструиравте судството да му ја даде Левица на Апасиев и покрај тоа што тој изврши кри-вично дело фал-сифи кување на документи, за што се оди во за-твор?

Дали е точно дека ја направивте таа пресметка за овој „војвода“ да краде гласови од ВМРО?

Зашто, да не се лажеме, без неговото крадење на гласови, ВМРО а не СДСМ ќе беа први на изборите и можеби тие ќе формираа влада по изборите.“

Извор:https://galama.club/2020/12/31/se-oglasi-poraneshniot-drugar-na-apasiev-zdravko-savevski-mu-postavi-dopolnitelno-prashane-na-zaev/?fbclid=IwAR3olsU-OTlZrmb8KmXIYbe-jIeLOYGxGiJG5p1_xnDAyu4Hxd9jllebfaQ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here