дома Вести Песков: Русија не се гледа како причинител на било какви хакерски напади,...

Песков: Русија не се гледа како причинител на било какви хакерски напади, а најмалку на оние во САД

225
0
АКЦИЈА

“Русија не е вклучена во вакви напади, особено во напад како овој. Ние го објавуваме ова официјално и цврсто”, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, цитиран од државната агенција ТАСС.

„Какви било обвинувања за руска вмешаност се апсолутно неосновани и се продолжение на слепата русофобија што се користи во случај на каков било инцидент“, рече Песков.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео минатата недела преку радио интервју директно ја обвини Русија за нападите, велејќи дека „можеме да кажеме сосема јасно дека Русите биле вклучени во оваа активност“

Американската агенција за сајбер безбедност и инфраструктура претходно соопшти дека хакерите „уште од март“ ги компромитирале американските владини агенции и клучните тела за инфраструктура.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here