дома Балкан Пицула: Во Брисел завладеало време на разноразни блокади и користење вета, кои...

Пицула: Во Брисел завладеало време на разноразни блокади и користење вета, кои отвараат простор на вон Европски фактори

236
0
АКЦИЈА

Известувачот на Европскиот парламент за Црна Гора Тонино Пицула изјави дека моментално во Брисел завладеало време на разноразни блокади и користење вета, но верува дека таквата состојба не е одржлива на долг рок, затоа што им праќа лоша порака на земјите во процесот на проширување.”Со блокадите се праќа лоша порака на земјите во процесот на проширување, се обесхрабруваат и се отвара простор за уште поголемо влијание на вон Европските фактори кои не делат исти вредности со Европската Унија. Без обзир на актуелните прилики, Црна Гора како предводник на на пристапниот процес во регионот мора да го задржи фокусот на реформите. Капацитет и наша подршка за тоа секако ќе има”, наведе Пицула за Подгоричката Побједа.

Спрема неговите зборови, Европската Унија немаформален алат да го одблокира ветото, затоа што за тоа е потребна едногласна одлука на земјите членки.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here