дома Балкан Најчевска: Апасиев левичарот кога се работи за пари не се буни. Не...

Најчевска: Апасиев левичарот кога се работи за пари не се буни. Не вика?

236
0
АКЦИЈА

Македонските пратеници сложно изгласаа да се исплатат речиси три милиони евра за политилките партии, што беа скратени поради коронакризата. Со поддршка и од власта и од опозицијата, на Комисијата за политички систем помина Законот за финансирање на политичките партии.

Пратениците со консензус, без многу врева изгласаа поврат на парите за политичките партии што со уредба на 19 јуни Владата ги запре во вонредната состојба..Наместо целосен износ, се договориле сепак да земат 30 отсто помали суми од 2019 година.

На оваа одлука реагираа и другите политички субјекти во државата. Од Македонски концепт со обвинувања дека во ек на длабока економска криза со која се соочува нашата држава, партиите на нивните сметки ги префрлаат парите на граѓаните.

„Без ниту еден глас против, ниту воздржан, без ниту еден амандман во Собранието на РМ, донесена е одлука до крајот на годината партиите да си поделат 4 милиони евра државни пари. Пари од граѓаните.“ – вели Петар Богојески.

Од ГДУ велат дека ваков политички консензус македонската политика не памети. Над 20 партии се во законодавниот дом, но ниту една не се спротистави.

Од Левица пак реагираат дека нивните пратеници се единствените кои, на вчерашната собраниска седница, не гласале за измена и дополнување на Законот за финансирање политички партии.

Министерот за правда, Бојан Маричиќ во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24 минатата недела го најави овој закон и потврди дека ќе добијат помалку пари отколку што добивале години наназад.

Согласно со Уредбата со законска сила за финансирање на политичките партии ќе им се исплати разликата на средства најдоцна до 31 декември 2020 година.

Пред две години на политичките партии им беше овозможено годишно да добиваат 4.5 милиони евра од буџетот, односно 0,15 отсто од средствата на јавната каса.

Професорката Мирјана Најчевска, во свој пост на социјалните мрежи, ја коментираше оваа вест:

„Апасиев левичарот кога ќе дојде до пари овалкаво шупче имал бре? Не се буни. Не вика?

И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се ептен другарчиња за делење пари.
Така? Оваа држава не е држава туку е обична ајдучка јазбина која треба да биде ставена во изолација.“

Од друга страна, Левица денес во свое соопштение на социјалните мрежи, објави дека нивните пратеници не гласале за законот:

„Почитувани сограѓани, сакаме да ја известиме јавноста дека пратениците на Левица се единствените кои, на вчерашната собраниска седница, не гласаа ЗА измена и дополнување на Законот за финансирање политички партии!“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here