дома Свет САД со заоштрени правила за КПК. Кина: ја повикува американската влада на...

САД со заоштрени правила за КПК. Кина: ја повикува американската влада на развитокот на Кина да гледа на порационален, помирен и понепристрасен начин

241
0
АКЦИЈА

Кина: САД со заоштрени правила за КПК ги поставуваат сите Кинези како ривали. Кина во петокот ги отфрли заострените американски правила за патување на членовите на Комунистичката партија на Кина (КПК), велејќи дека таа постапка ќе доведе до ситуација кинескиот народ да завзаме само спротивна страна. Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Кина Хуа Чунјинг им го кажа тоа на новинарите како одговор на коментарите на портпаролот на американскиот Стејт департмент, кој објасни дека новите правила имаат за цел да го одвратат влијанието на КПК.

САД во средата најавија нова визна политика која ја ограничи максималната валидност на патните визи за членовите на Комунистичката партија на Кина и нивните семејства на месец дена и еден влез

САД во средата најавија нова визна политика која ја ограничи максималната валидност на патните визи за членовите на партијата и нивните семејства на месец дена и еден влез. Нарекувајќи ги напомените “смешни”, Хуа нагласи дека водството на КПК е основна карактеристика на социјализмот со кинески карактеристики. Кинеското народно уверение дека без Комунистичката партија на Кина не би била нова Кина, додаде Хуа, сугерирајќи дека на американскиот официјален претсавник му недостасуваат основни знаења и професионален став за равноправноста и взаемното почитување, кога се работи за билатералните односи со Кина. Кина силно се противи на таква пракса, рече Хуа, неведувајќи дека таа постапка само ќе им наштети на националните интереси на САД, како и на интересите на двата народа. Кина ја повикува американската влада на развитокот на Кина да гледа на порационален, помирен и понепристрасен начин и да ги отфрли омразата и искривените чувства спрема КПК рече Хуа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here