дома Балкан Внуката на Корчагин: Мојот дедо е убиен од бугарскиот агент Анто пратен...

Внуката на Корчагин: Мојот дедо е убиен од бугарскиот агент Анто пратен од бугарската полиција

48
0
АКЦИЈА

Протестот започна  во 12:30 од две локации во Скопје, СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“, од каде ици граѓани побараа оставка од Зоран Заев.

Калина Корчагин, внуката на Раде Јовчевски- Корчагин се обрати на собирот за оставка на заев кој се очекува да биде се помасовен во наредниот период

Калина Корчагин, внуката на Раде Јовчевски- Корчагин , од денешниот надпартиски протест за оставка на Зоран Заев и слобода на народот „Протест сега за да не биде предоцна“, рече дека не може да премолчи кога нечии политички игри чепкаат во семејството.

– Зоран Заев го навреди моето семејство. Зоран Заев ги навреди моите дедо и татко. Зоран Заев ме навреди мене. Го навреди и моето дете. Што јас да му раскажам? Како да ја пренесам личната, семејната историја? Како да го избришам семејното херојство, но и преживеаниот терор на мојот народ? Зар треба да го кријам мојот дедо од сопственото дете?

Потекнувам од семејство кое било директно вклучено во организирањето и борбата за ослободување на Македонија од фашистичкиот окупатор, како и за нејзино осамостојување.Можеби ќе ве интересира

Раде Јовчевски – Корчагин е мој дедо, еден од основачите на двата скопски партизански одреди, кои биле формирани со цел да ја ослободат Македонија од окупаторот. Зарем Македонците тогаш не можеле да разликуваат „администрација“ од окупација, па формирале партизански одреди за да се борат против оние кои пријателски убивале и вршеле злодела низ Македонија – праша таа.

Внуката на Корчагин рече дека поради неговите дела и борба за ослободувањето на Македонија од Бугарскиот фашистички окупатор, два пати бил осудуван со смртна пресуда во негово отсуство.

– Бил  ладнокрвно убиен од Анто Георгиев- Антов, бугарски агент, по наредба на бугарската полиција. Се прашувам, дали за ваква „администрација“ Заев сега сака да ни наметне да мислиме дека ни помогнала во ослободување од окупаторот. Отворено го прашувам Зоран Заев: Дали според неговото сфаќање на историјата (во која, инаку, не се разбирал, како што самиот рече), симнувањето на историските обележја и промена на 20-те табли на кои пишувало „бугарски фашистички окупатор“ значи почеток на менување до укинување на целата вистина? Значи ли дека неговата безрезервна љубов кон бугарската држава е вовед во второто убиство на Корчагин? Дали, во интерес на „добрососедството“, гимназијата „Раде Јовчевски- Корчагин“ ќе биде преименувана во „ Анто Георгиев- Антов “, убиецот на мојот дедо – рече таа.

Протестот започна  во 12:30 од две локации во Скопје, СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“, од каде ици граѓани побараа оставка од Зоран Заев.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here