дома Култура Кинеската амбасада му даде донација од неколку десетици пакети високо-квалитетни тефтери на...

Кинеската амбасада му даде донација од неколку десетици пакети високо-квалитетни тефтери на О.О.У. Св. Кирил и Методиј во Кучевиште за учениците

263
0
АКЦИЈА

Кинеска донација на ден 02-12-2020 беше предадена на Основното училиште Св. Килрил и Методиј од Кучевиште. Донацијата изнесува  неколу десетици пакети високо квалитетни тефтери за пишување. Ова е прва ваква донација на Кинeската амбасада на општината Чучер Сандево, поточно на  школото Св. Кирил и Методиј. Една стара кинеска пословица на кинескиот филозоф и мудрец Конфуциј вели дека секое па дури и најдолгото патување започнува со првиот чекор, па во таа насока денешната донација имаше голема симболика.

Н.Е. Амбасадорот на НР. Кина во Северна Македонија Г-дин Џанг Ѕуо, Првиот секретеар во кинеската амбасада Г-дин Зху Зхибин, Директорот на О.О.У. Св. Кирил и Методиј од Кучевиште Проф. Горан Перовиќ и Хуманитарниот и социјален активист Сретен Милетиќ во срдачен разговор на примопредавањето на донацијата која се одржа во кинеската резиденција во Скопје

Донацијата ја предаде лично Н.Е. кинескиот амбасадор во Севена Македонија Г-дин Џанг Ѕуо, придружуван од првиот секретар во амбасадата Г-дин Зху Зхибин, во име на соработка и крепкост во развојот на мултиетничките општини каква што е општината Чучер Сандево. Амбасадорот Н. Е  Г-дин Џанг Ѕуо при церомонијата на примопредавањето на која од другата страна учествуваа  Г-дин Сретен Милетиќ, хуманитарен и социјален активист од Скопје и диркеторот на О.У. Св. Кирил и Методиј во Кучевиште Проф. Горан Перовиќ, напомена дека Н.Р. Кина ја сочинуваат многу народи кои живеат во неа и живеат во заедништво слога и разбирање, тој напомена дека тоа разбирање слога и соживот и го посакува и на  Република Севрна Македонија кон напредокот на својот еконмски пат.

Примопредавањето на донацијата

Тој исто така спомена дека неговото искуство укажува на тоа дека на некои места во Кина каде што живеат повеќе народи на пазарите не е потрбно да ги врзуваат своите точаци туку непречено ги оставаат додека пазарат и никој не ги чепка што говори за високата свест на соживотот  и развитиок во Кина. Кинескиот модел на силна и водечка економија во светски размери во држава во која живеат многу народи е идеален модел и за македонското општество а особено општините од мултинационален карактер како што е општина Чучер Сандево.

Од примопредавањето на кинеската донација на О.О.У. Св. Кирил и Методиј во Кучевиште општина Чучер Сандево.

На средбата од страна на Хуманитарниот и социјалниот активист Сретен Mилетиќ беше истакнато дека во мешаните мултиетнички школски клупи седат деца кои се спремаат да бидат одговорни граѓани на подобрата утрешницата што ја очекува Република Северна Македонија и да допринесат за општеството на еден високо пријателски, толерантен и начин полн со почитување љубов и заедништво, начин во кој различната етничката припадност зближува, разубавува и краси, а не ствара  негативни бариери.  Во Суштина и во  каква и средина се школувани и израснати младите генерации, а тоа е пријателство, братство, разбирање и соживот бидејќи повеќето од нив, учениците се од Српско и Македонско етничко потекло. Исто така беше доведено до согласност дека граѓанските и верските слободи треба да ги уживаат сите граѓани без разлика на нивниото етничко потекло и тоа треба да служи како пример за помладите генерации кои треба да го негуваат тоа разбирање и соживот  пренесено од постарите кои со векови живеат едни покрај други во пријателство. Директорот на О.О.У. Кирил и Методиј од Кучевиште  Проф. Горан Перовиќ и хуманитарниот и социјалниот активист Сретен Милетиќ им се заблагодарија на кинескиот народ и на амбасадорот на Н.Р. Кина во Северна Македонија Н.Е. Г-дин Џанг Ѕуо и на првиот секретар Зху Зхибин,  за оваа прва и почетна донација на училиштето и општината со искрени желби за продлабочување и зацртување на пријателството помеѓу нашите земји и народи во големата слика на пријателствата и соработката меѓу народите во светот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here