дома Балкан Кинеската амбасада донираше таблети за децата во училишна возраст во Општина Гази...

Кинеската амбасада донираше таблети за децата во училишна возраст во Општина Гази Баба.

256
0
АКЦИЈА

Денес, амбасадорот на Народна Република Кина Џанг Ѕуо и градоначалникот на општина Гази Баба Борис Георигиевски, присуствуваат на примопредавањето на таблети за деца во училишна взраст во општината.
Џанг Ѕуо кажува: “Големо задоволство е да присуствувам на денешното примопредавање.

Амбасадорот на Кина Н.Е. Џанг Ѕуо и градоначалникот на Општина Гази Баба г-дин Борис Георгиевски на примопредавањето на таблетите кој се нужна потреба за учениците во време на пандемијата од ковид-19

Иако Кина и Северна Македонија се наоѓаат на два континента, Азија и Европа, традиционалното пријателство меѓу нас е долго и длабоко. Минатата година јас бев во Чешиново, за да присуствувам на Фестивалот на ориз. Локалните жители ми кажаа дека оризот во Северна Македонија бил пренесен од Александар Велики од Изток. Во документациите во Азија и Европа пишува, дека уште во 101 година од н.е., македонскиот караван пристигнал во Луојанг, главниот град на династијата Хан во Кина, и со тоа официјално започнал директниот контакт помеѓу Кина и Европа.

Амбасадорот на Кина Н.Е. Џанг Ѕуо со градоначалникот на Општина Гази Баба и со вреботените во просториите на општината

Размената и пријателството помеѓу двата народа продолжуваат да се развиваат континуирано. Од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу нас, Кина и Северна Македонија вложуваат општи напори во соработката на „ Еден појас и еден пат“, во реализирање на иницијативата „17+1“, и станаа добри пријатели и партнери, врз основа на принципите на меѓусебната почит, еднаквото третирање, взаемната доверба и искреност, и соработката за општа корист. Пред глобалната пандемија, двете влади и народите на двете земји, си помагаа едни на други, за да ги надминат тешкотиите заедно. Кинеската страна се надева заедно со Северна Македонија да ја зајакнува општата соработка против пандемијата, да го унапредува економскиот развој, и подобрувањето на животот на луѓето.

Вирусот не познава граници, но постои вистинска љубов која го грее светот. Воедно дозволете ми да Ви се заблагодарам почитуван градоначалнику г-дин Борис Георгиевски за Вашата помош и поддршка во реализацијата таблетите да дојдат во вистинските раце. Денес ги донираме овие таблети, во надеж дека ќе им помогнеме на родителите и децата, да ги надминат тешкотите за време на сегашниот тежок период, на децата да продолжат внимателно со учењето и да напредуваат континуирано. Се надевам, наскоро, младите ќе прераснат во градители на просперитетот на Република Северна Македонија, и ќе бидат учесници во изградбата на пријателските односи меѓу Кина и Северна Македонија и соработници во изградбата на заедницата со заедничка иднина на човештвото.

На крајот, посакувам пријателството помеѓу Кина и Северна Македонија да биде вечно и просперитетно!
Ви благодарам на сите!”

Беше истакнато од Кинескта амбасада во Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here