дома Вести Францускиот претседател Макрон: Самуел Пати е убиен затоа што беше олицетворение на...

Францускиот претседател Макрон: Самуел Пати е убиен затоа што беше олицетворение на Републиката

256
0
АКЦИЈА

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави синоќа дека Самуел Пати, наставникот по историја и географија на кој на 16 октомври во околината на Париз му беше отсечена главата, бил убиен бидејќи бил олицетворение на Републиката.

Францускиот претседател Емануел Македон на свеченото испраќање до вечниот дом на младиот професор Самуел Пати

EPA-EFE

„Самуел Пати беше убиен бидејќи исламистите ја сакаат нашата иднина и знаат дека со тие тивки јунаци, каков што беше тој, никогаш нема да ја имаат“, кажа Макрон во говорот на искажување почит на наставникот кого го уби исламист бидејќи на час по слобода на изразувањето на своите ученици им покажувал карикатури на муслиманскиот пророк Мухамед.

Франција вчера му оддаде национална почит на Пати на кого Макрон постхумно му го додели орденот Легија на честа.

Убиството ја потресе Франција која од 2015 година е мета на терористички напади.

Француските власти по убиството ветија уште посилна борба против радикалниот ислам.

Француската влада наложи вчера распуштање на пропалестинскиот колектив Шеик Јасин бидејќи е вмешан во убиството на наставникот.

Макрон на состанок на владата лажа дека „злото има име – тоа е политичкиот исламизам кој методично работи на деконструкција на Републиката“.

Покрај распуштањето на тој колектив, властите наложија и затворање на една џамија на периферијата на Париз бидејќи верниците пренесувале видео-снимка во која се осудува часот на наставникот кој инаку и претходните години држел часови по слобода на изразувањето и на учениците им ги покажувал карикатурите на Мухамед.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here