Архитектот и професор Мишко Ралев е нов претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ). Ралев, кој е професор на Факултетот за архитектура на Универзитетот „Американ колеџ“ во Скопје беше избран на вчерашното собрание на ААМ. Доаѓа на местото на досегашниот пртседател Мартин Пановски.
За нов претседател на Собранието на Асоцијацијата е избрана архитектката Искра Јанковска Михајловска.