дома Албанија Бугарското вето и Македонците во Албанија

Бугарското вето и Македонците во Албанија

344
0
АКЦИЈА

Бугарското вето за нашата држава би значело доказ на митот дека во Албанија има бугарско малцинство на местото од македонското малцинство. Преговарачката рамка сеуште не е усвоена, но се претпоставува дека Македонија не приближувајќи се кон Европа не би била во состојба да го одбрани своето малцинство во Албанија од бугарските тврдења дека тоа е всушност бугарско малцинство, како што не е во состојба тоа да го направи во Бугарија.

Македонците од Албанија

Македонското малцинство во Албанија е под тежок притисок на состојбите и случувањата во земјава и регионот.

Тешкиот живот на нашинците од тој крај во руралните не баш развиени заедници ги приморува да посегнат по пасоши со европско знаменце и да се откажат од својата национална припадност. Но доколку Македонија ги почне преговорите со ЕУ нашинците таму ќе добијат дополнителен ветар во грбот земајќи ги во предвид европските стандарди за малцинствата и реципроцитет и пасошите со Европско знаме кои би можеле да ги добијат како припадници на македонскиот народ. Едноставно да бидат свои на своето обединети под Европското знаме. Всушност да останат она што се со векови-Македонци.

Веќе постојат случаи каде што нашинците од тие краишта имаат пасоши од други држави погазувајќи врз сопствениот идентитет, јазик, историја, култура и самобитност.

Планот за асимилација на македонската заедница во Албанија може да биде осуетен само доколку Македонија ги започне преговорите со Европската Унија.

Потрагата по подобар живот не е секогаш исправна и морална тврдел уште римскиот филозоф Сенека. Тоа може да биде случај и со нашинците во Албанија доколку регионот отиде напред а ние останеме на исто место.

Македонците во Србија се признаени како малцинство и ги чествуваат националните празници како неработни денови

Она што се случува во моментов во врска со преговорите е добро за Македонците во Албанија и во Србија од земјите со кои се граничиме и каде што нашето малцинство е признаено и слободно ги чествува своите празници со неработни денови, како на пример во Србија, од аспект што ќе бидеме чекор пред нив или на исто рамниште одејќи по патот на европските интеграции се до конечното членство во Европската Унија.

На крајот повторно се испоставува дека Македонија само во Европските граници може да гаранира подобар живот и сигурен опстанок за Македонците во опкружувањето.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here