дома Балкан Балканскиот принц Стефан Црнојевиќ: Скендербег е сто проценти Црнојевиќ, Србија и Црна...

Балканскиот принц Стефан Црнојевиќ: Скендербег е сто проценти Црнојевиќ, Србија и Црна гора можат заедно.

369
0
АКЦИЈА

Дел од хералдиката на Црнојевиќи

Како што многумина го нарекуваат Балканскиот принц Н.К.В. Стефан Чернетиќ деновиве даде неколку интервјуа за српската телевизија Хепи кај познатиот српски водител Миломир Мариќ. Тој честопати беше жестоко оспоруван од властите на Мило Ѓуканоиќ во Црна Гора а дури и оцрнуван во црногорската јавност од медиумите блиски на минатата власт бидејќи Чернетиќи од секогаш биле поврзани за Србија и тој регион го гледале заедно и во братски прегратки. Денеска бившиот млад новинар Н.К.В. Стефан Чернетиќ живее во кнежевината Монако со својата сопруга Н.К.В. Хараула Црнојевиќ Донтсиу со која има еден син Н.К.В. Принцот Константин.

Балканскиот принц, Стефан Црнојевиќ во едно од интервјуата за телевизиите во Монако

Тој во интервјуто зборува за крстењето на неговиот син од страна на поглаварот на МПЦ Г.Г. Стефан кој е одликуван со орден на Св. Ѓорѓе како и премиерот Зоран Заев кој е оидликуван со истиот витешки орден од Кралската куќа на Македонија и Црна Гора, за блискоста со Србија уште од времето на неговите претци и за препознавањето на неговото историско значение насекаде во регионот, освен во Црна Гора. Тој меѓу другото зборува како Скендербег е сто проценти Чернетиќ или Црнојевиќ што е исто од кого влече корени и попознатиот како балкански принц Н.К.В Стефан Црнојевиќ. Тој живее за тоа како да им помогне на своите народи на Балканот и да се обиде да ја намали сиромаштијата како и да допринесе да се дознаат имињата на нашите држави насекаде во светот па и на оние места на кои луѓето уште не слушнале ниту за нашите држави ниту за нашите народи. Тој вели на крајот дека срцето му плаче кога ќе ги види сиромашните луѓе од Балканот и како тоа мора да го промени.

Балканскиот принц Стефан Црнојевиќ во гостувањето на Тв. Хепи во Србија

Тука можете да го погледнете интервјуто во целост

Целосното интервју на Балканскиот принц Стефан Црнојевиќ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here