Дали е ова вистина?
Ќе соберете ли господа храброст за да ја кажете вистината?
Не? Јас сепак ќе поставам кратко и јасно неколку прашања до СДСМ, како партија на власт:
- Дали е вистина дека потесното раководство на СДСМ упатуваат барања до највисоките органи на власт во Р. Бугарија?
- Дали е вистина дека сте барале од Р. Бугарија да не го блокира датумот за преговори со ЕУ за Македонија? Дали е вистина дека цврсто сте ветиле дека ќе ги прифатите СИТЕ услови и барања од Бугарија, откако ќе победите на избори и ќе формирате Влада?
(што е невозможна мисија) - Дали е вистина дека сте барале од Косовските структури да ги анимираат и убедат Косовските Албанци со двојно државјанство да го дадат гласот за СДСМ, а ден потоа вие ќе и дадете поддршка на Приштина во спорот со Белград?
- Дали е вистина дека сте ги молеле и Грците да лобираат да добиете меѓународна поддршка, како и органите на власт во Бугарија и Хрватска?
- Дали е вистина дека сé уште не сте свесни дека ви излезе од контрола состојбата со КОВИД-19?
- И за крај, дали е вистина дека не сте свесни дека ќе загубите на изборите?
Навистина се прашувам зошто ви е потребно сето ова и зашто во името на целата нација давате ужасни ветувања? Зарем немате ни малку почит кон сопствената држава и сопствениот народ? А национално чуство? Ни грам? Што ќе им донесете на сите етникуми во Македонија ако ги смените химната и знамето на Македонија и им вметнете албански симболи?
Господа, народот бара економски мерки за да живее убаво и да може да им понуди на своите семејства нормален, пристоен и достоинствен живот! Всушност, вие ниту знаете, ниту сакате, бидејќи евентуалните тензии или инциденти, за вас ќе биде убав дефокусирачки сенароден дурбин, насочен кон тоа што вие ќе ни го понудите за гледање. А вие ќе уживате комотно, додека народот пати!
Коронава ве изненади, а? Сé беше под контрола, сите кластери ги знаевте и следевте, сé беше топ, а? Не бе, вие немавте ама баш ништо под контрола, буквално ништо! Трагедијата да биде уште пострашна е тоа што знаевте дека немате контрола над ништо, а глумевте cool состојба и свесно го манипулиравте народот. Зошто не го послушавте Христијан Мицковски и останатите функционери на ВМРО кога ви велеа дека треба да правите масовно тестирање? Сé правевте спротивно, му подготвувавте партиски текстови на Филипче, му одржавте брза обука како да говори со смирувачки тон со кој ќе им влее на граѓаните сигурност. Браво, секоја чест, го подобривте вашиот рејтинг, ама на штета на граѓаните.
За крај, во очекување на храбри СДСМ-ци кои ќе одговорат на горенаведените прашања, еве еден искрен совет: и покрај пустата желба да го оцрните противникот, кај кој патем досега констатиравте дека нема криминални дејанија, и покрај активирањето на параполициските структури да ги следат сите активности на членовите на опозициската коалиција, и покрај вашите надежи дека излезноста ќе биде мала, вие господа ЌЕ ЗАГУБИТЕ на престојните избори.
ЌЕ ЗАГУБИТЕ поради дигнитетот и достоинството на овој народ,
ЌЕ ЗАГУБИТЕ поради револтот и лојалноста на граѓаните кон сопствената држава,
ЌЕ ЗАГУБИТЕ затоа што ја ширевте заразата со предвремена кампања, делејќи во време на пандемија по едно вреќиче компири, еден зајтин и други артикли со поминат рок,
ЌЕ ЗАГУБИТЕ затоа што ги навредувате останатите национални малцинства и нивните национални чувства,
ЌЕ ЗАГУБИТЕ затоа што мислите и јавно кажувате дека народов е глуп,
ЌЕ ЗАГУБИТЕ затоа што не ве бива за ништо, ама баш за ништо!
Една поговорка многу сликовите ве објаснува: времето од замокот прави урнатини, а никогаш од урнатини – замок.