Во своето сведочење во случајот „Рекет“, обвинетитот Бојан Јовановски – Боки 13 истакна дека и поранешниот премиер Зоран Заев има интерес да се урне СЈО. За таквото тврдење, Јовановски се повика на докази во неговиот телефон, кој не е вештачен.
– Може ќе допрам несакајќи некоја од соголените жици од бојлерите во Шутка и така осудените терористи имаат подобри услови од мене, сведочеше Боки 13.
Тој вели дека го држат во притвро поради неговиот денешен исказ дека на трети април дознал за случајот од тогашниот премиер Зоран Заев.
– Се тргуваше со овој случај, Катица Јанева беше уценета или ќе дадеш оставка или ќе се случи ова што се случува сега. Рускоска гордо рече дека уште во јануари била во контакт со Камчев, кој го ангажирал адвокатот Стерјо Зиков зашто беше близок со обвинителката. Ако имало предмет од ноември до мај зошто таа контактирала со Камчев. Заев по емисијата дојде во канцеларијата која беше вечерта и ми рече дека јас и Јанева сме следени од странски служби. Ми рече дека странски обвинител веќе има предмет оформено. Ми велеше што сега да правам. Бев уценуван, а беше и Јанева. Жал ми е што не се вештачи мојот мобилен да се види целата комуникација со Заев. Заев со Кичеец зборуваа за местење избори во Охрид, а Кичеец имаше своја параполиција, изјави Боки, по што беше дадена пауза.
извор: Лидер