дома Вести Мицкоски: Не сакам да бидам мандатар и истовремено да броиме жртви

Мицкоски: Не сакам да бидам мандатар и истовремено да броиме жртви

321
0
АКЦИЈА
Мицкоски: Не сакам да бидам мандатар и истовремено да броиме жртви

Избори ќе има кога ќе бидат обезбедени услови за фер и демократски избори, изјави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Tој вели дека не сака да биде мандатар во време кога се бројат жртви од коронавирусот.

За тоа како понатаму без избори, вели очекува да се договорат на лидерската средба кај претседателот Пендаровски.

Во врска со поднесената иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на одлуката за распуштање на Собранието донесена на 16 февруари, Мицкоски вели дека и во минатото имаше таква иницијатива, но тогаш Уставниот суд ја отфрли како неоснована. За конечен став од партијата побара да се почека одлуката на Уставен.

Вчера телевизијата Телма објави дека судии во Уставниот суд планираат да им предложат на своите колеги да покренат иницијатива по службена должност за укинување на одлуката за распуштање на Собранието бидејќи сметаат дека е беспредметна.

Превземено од
http://www.dokazmakedonija.mk/mitskoski-ne-sakam-da-bidam-mandatar-i-istovremeno-da-broime-zhrtvi/?fbclid=IwAR2NDsy0Tq8x9yHOuSdKFaWY0qeQOnI_EJEjf6SocQncEHoRrrPXX2kXlvA

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here