дома Балкан (Видео) ЗАХАРИЕВА: Македонија да запре со практиките од Титова Југославија и да...

(Видео) ЗАХАРИЕВА: Македонија да запре со практиките од Титова Југославија и да ја признаат историјата

344
0
АКЦИЈА

Ние имаме интерес тие да ја признаат историјата, а во исто време ние треба да ја признеме реалноста во моментов, вели шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева во врска со условите под кои Бугарија би подржала Македонија, пренесува Експрес.

За последните случувања на релација Скопје – Софија, Захариева за бугарската телевизија Канал 3 вели:

Не е првпат тамошните политичари да ја употребуваат Бугарија во предизборна кампања. Започна ВМРО-ДПМНЕ за ние да реагираме, за да кажат – еве, гледајте… Нема да се фаќаме на таа песна. Ние имаме јасна позиција во однос на Република Северна Македонија, секогаш ќе ги поддржуваме, само под јасни услови, тие не се сменети. Изборите поминуваат, соседите остануваат. Географијата е најнепроменливото нешто во ваков непредвидлив свет, соседите остануваат, изјави Захариева.
Таа вели дека иако Македонија има статус на кандидатка за ЕУ од 2005 година, едвај сега, во 2020 година, Советот на ЕУ успеа да донесе одлука за почеток на преговори.

Според неа, „во никој случај, вината за тоа не беше ниту на Бугарија ниту на Грција.

Прашана дали е можно Бугарија да стави вето поради прашањата за историјата и за јазикот, шефицата на бугарската дипломатија се повика на интервјуто на професорот Денко Малески за ТВ Европа.

Тој во интервјуто кажува многу реални нешта. Вели – сме биле еден народ, но сега Бугарија не може да ја одрекува реалноста. Никој не очекува, што и да направиме, тие да речат – ние сме… Тоа е процес од над сто години, 75 години е државна политика. Тоа се многу поколенија. Ние имаме интерес тие да бидат во Европската Унија, да запрат со практиките од Титова Југославија, имаме интерес да ја признаат историјата, а во исто време, ние треба да ја признеме реалноста во моментов. Тоа е заемен интерес, според мене, одговори Захариева.
На видеото по 17 минута

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here