дома Вести Направен е смислен и организиран грабеж на Буџетот, за три месеца потрошиле...

Направен е смислен и организиран грабеж на Буџетот, за три месеца потрошиле над 120 милиони евра од буџетскиот дефиците за корумпирање на изборите, економијата пред колапс

321
0
АКЦИЈА

Владата предводена од СДСМ потрошила 120 милиони евра повеќе од тоа што го собрала во Буџетот, а во првтите три месеца од годинва е направен  грабеж на економијата, со цел да се покријат изборите коишто требаше да се организираат, а со што го задолжила секое македонско семејство со по 15.000 денари во просек.

Ваквите показатели, како што се презенитрани во вчерашниот извштај на министерството за финанси, и кои на прес-конференција денеска ги коментираше челникот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, навестуваат дека по завршувањето на здравствената криза со епидемијата од коронавирусот, земјата и граѓаните ги очекува сериозна економска криза. А според процените на некои еконосмки аналитичари, севкупно со досега недоволните и слабите преземени мерки на Владата за помагање на стопанството, се стравува од колапс на македонската економија.

Анализите недвосмислено покажуваат дека веднаш зад здравствената криза, постои закана од многу сериозна и опасна економска криза.

Но и да не се случела пандемијата со коронавирусот, овие податоци, како што оцени Мицкоски, говорат дека македонската економија од „неодговорната“ влада на техничкиот премиер Оливерс Спасовски и неговиот партиски челник во СДСМ и претходник на премиерската должност Зоран Заев, била туркана во банкрот.

Сево ова како што посочува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го покажува и реализацијата на Буџетот, според податоците објавени од самото министерството за финансии.

„Не можам никако поинаку да го оквалификувам ова, затоа што е трошено безмилосно, расипнички и недомаќински. И ова нема никаква врска со политика, за ова што денес го говорам постојат конкретни бројки кои денес ќе ги споделам со македонската јавност, а кои секој граѓанин треба да ги разгледа за да ја сфати штетата која и е направена на државата“, рече Мицкоски.

Впечатокот на опозицијата и повеќето економски експерти во земјата е дека станува збор за смислено ограбување на македонската економија во првиот годинешен квартал, чија цел е да се покријат изборите кои требаше да се одржат на 12-ти април, кога и се потрошени 43 отсто буџетскиот дефицит планиран за целата година.Станува збор за сума, според овие пресметки, од 120 милиони евра, потрошени повеќе отколку што биле собрабни во државната каса.

„Или со други зборови го задолжиле секое македонско семејство со дополнителни 15 илјади денари во просек само од почетокот на годината заклучно со крајот на месецот март.Оваа состојба денес надополнета со корона кризата е уште полоша. Да одиме со ред“, опиша Мицкоски.

Под број еден

Во првите три месеца: јануари, февруари и март од 2020 година владата на Зоран Заев и СДСМ извршила практично грабеж на буџетот и со тоа свесно ја турна Македонија во кризна состојба и подредена положба. Кога беше јасно дека пандемијата со Ковид-19 вирусот ќе ја зафати Македонија, Зоран Заев и ова раководство на СДСМ играјќи all in со буџетот, нашата заедничка иднина, Зоран Заев и ова раководство на СДСМ мотивирани од лукративни мотиви и желбата по било која цена да се обиде да оствари подобар резултат на предвремените парламентарни избори потроши за еден квартал речиси половина од буџетскиот дефицит планиран за цела фискална 2020 година. И тоа за периодот од 1-ви јануари до 31 март во 2017 година потрошени се околу 19% од планираниот буџетски дефицит и реализирани се нешто повеќе од 21% од планираните капитални инвестиции.

Повторувам за истиот период 2017-тата година потрошени се 19% од тогаш планираниот буџетски дефицит и реализирани се околу 21% од тогаш планираните капитални инвестиции. За истиот тој период пак во 2018 година потрошени се околу 17% од планираниот буџетски дефицит и реализирани се нешто помалку од 10% од планираните капитални инвестиции. Во 2018 година за истиот тој период потрошени се 17% од планираниот буџетски дефицит и реализирани се нешто помалку од 10% од тогаш планираните капитални инвестиции.

Во 2019 година, исто така изборна година, беа претседателски избори, во истиот период во првите три месеци 01.01 до 31.03 потрошени се нешто над 18% од планираниот буџетски дефицит и реализирани се околу 7% од планираните капитални инвестиции. Доаѓаме до 2020 година, месеци јануари, февруари, март, период 01.01 заклучно со 31.03, Зоран Заев и СДСМ практично реализираат смислен грабеж трошејќи нешто помалку од 43% од буџетскиот дефицит, а притоа реализирале околу 8,5% од планираните капитални инвестиции.


Замислете во исто така изборна година 2019-та буџетскиот дефицит во првите три месеци, односно тоа се средства помалку собрани од буџетот, отколку потрошени, во периодот јануари, февруари и март, изнесува нешто над 18% , а за истиот тој период во 202 година Зоран Заев и ова раководство на СДСМ водејќи се исклучиво од лукративни мотиви , а со цел да постигнат подобар резултат на предвремените парламентарни избори во услови кога низ светот владее пандемија со Ковид – 19 вирусот извршуваат грабеж на народните пари во буџетот и трошат 43% од буџетскиот дефицит. Односно да бидам попрецизен во првите три месеци СДСМ и владата на Зоран Заев потрошиле 120 милиони евра, народни пари, повеќе отколку што за тој период собрале во Буџетот.

Ако се анализираат трите години наназад 2019,2018 и 2017 ќе може да се забележи дека тој буџетски дефицит во првите три месеци се движи помеѓу 50 и 57 ипол милиони евра. За два ипол пати повеќе е направен грабеж од страна на СДСМ и Зоран Заев на народните пари преку буџетот на Република Македонија, а со една цел обид за поткуп и постигнување подобар резултат на предвремените парламентарни избори кои што требаше да се случат на 12-ти април оваа година.

Само во месец март буџетскиот дефицит во 2020 година потрошиле 50 милиони евра повеќе од тоа што собрале во буџетот. Ако тоа се спореди со месец март во 2019-тата година кога потрошиле 7 милиони евра повеќе од тоа што собрале во буџетот преставува фантастична бројка од 7 пати повеќе. Или пак ако тоа се спореди со 2018-тата година истиот тој месец март буџетот имал суфицит од 2.65 милиони евра. Или повеќе имало во буџетот собрано отколку што се потрошиле за истиот тој период. Или пак ако анализираме 2017-тата година и месец март тогаш можеме да заклучиме дека во буџетот има суфицит од 2 милиони евра или повеќе биле собрани 2 милиони евра отколку што биле потрошени.

Оваа година обидувајќи се да направат масовен поткуп вршат грабеж и трошат само во месец март 50 милиони евра повеќе народни пари, ваши пари од тоа што го собрале во буџетот. А, за целиот период од јануари до месец март цели 120 милиони евра, со што од почетокот на годината го задолжија секое македонско семејство со дополнителни 15.000 денари.


Број 2

Уште една лага на Зоран Заев и СДСМ заврши неславно, имено во првите три месеци од фискалната година од буџетската сметка беа сервисирани задолжувања во вредност од околу 308 милиони евра и тоа, 170 милиони евра долг кон доверители од странство, 18 милиони евра долг кон доверители од Македонија, а дополнителни 120 милиони евра кои што ги споменавме беше сервисирање на буџетскиот дефицит, односно за толку помалку собраа од тоа што потрошија во првите три месеци.

Зоран Заев ја убедуваше македонската јавност дека долговите ќе ги сервисира со средства кои ќе ги позајми од странски доверители. Ние тогаш велевме дека е потребно ликвидноста да се бара дома, да се ослободат благајничките записи, да се запишат државни обврзници, државни хартии од вредност. Но тогаш тоа беше грубо одбиена и надмено би рекол одбиено од страна на владата на Оливер Спасовски и Зоран Заев. Но каква е реалноста овие 308 милиони евра, 98% се сервисирани од обврски направени и задолжувања заради раздолжување кое што е реализирано на домашниот пазар. А, само 2% се средства кои што се обезбедени како странски заеми.

Повторувам и покрај тоа што ја убедуваше македонската јавност, и покрај тоа што примитивно надмено ги одбиваше понудите од страна на ВМРО-ДПМНЕ и препораките дека треба парите да се бараат на домашниот пазар, тој ни велеше дека ќе барал пари надвор од Македонија. Но додека ни велеше дека ќе бара пари надвор од Македонија безмилосно ја задолжуваше Македонија токму внатре и 98% од задолжувањето поради раздолжување го направи во македонскиот домашен пазар. А, само 2% се средства обезбедени како странски заем.

Број 3

Трета работа која што сакам да ја истакнам. Во првите три месеци полнењето на буџетот е нешто над 20%. Доколку дојде до смирување на пандемијата и постепено нормализирање на економската активност на компаниите со сигурност може да се очекува реализација на сценариото 1 кое го најави ресорниот министер на прес конференција одржана на 1 април кога кажа дека ќе недостасуваат околу 20% од планираното или околу 700 милиони евра повеќе од планираниот буџетски дефицит.

Доколку на ова се додадат околу 514 милиони евра планирано задолжување поради раздолжување и тоа 246,5 милиони евра домашен долг и 267,7 милиони евра надворешен долг и доколку на ова се искалкулира планираниот буџетски дефицит за до крајот на годината во износ од околу 162 милиони евра, доаѓаме до бројка од 1 милијарда 376,2 милиони евра кои е потребно буџетот да ги обезбеди од задолжување, доколку не се случи некое подраматично и поголемо кратење на расходната страна кои што гледаме дека не се случува. Овие средства се доволни само за покривање на стари долгови и буџетскиот дефицит без некоја посериозна поддршка на компаниите.

При намалување на бруто домашниот производ од 4% колку што предвидуваше ММФ и дополнителните задолжување поради сервисирање на буџетскиот дефицит без посериозно намалување на расходната страна, неминовно ќе доведе до зголемување на јавниот долг. Повторувам задолжување поради покривање на дупката во буџетот и буџетскиот дефицит без било какво посериозно задолжување, а со цел поддршка на реалниот сектор и на македонската економија. Неминовно ќе дојде до зголемување на јавниот долг во однос на БДП ако се има во предвид и предвидувањето на ММФ дека македонската економија во оваа 2020 година ќе ја заврши со стапка од 4% намалување.

-Ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев може да понуди само три работи. Првата работа овој обид за поткуп кој што го правеа изминатиов период, а кој што кулминираше со првите три месеци од 2020 година надевајќи се дека на тој начин граѓаните во нашата држава ќе го заборават сето она понижување, сиот оној срам, криминал и корупција изминативе три години кои што ги предводеше СДСМ и Зоран Заев. Е, на тој начин мислеа дека ќе ја купат поддршката на вас, на македонските граѓани. Втората работа, која што ќе ја понудат и која што ја нудат е Луј Витон обвинителството и трас – трас судството преку закани и уцени и да се добие глас повеќе, преку закани и уцени да се отргне гласач повеќе кој што го чувствуваат дека ќе го даде глас за опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. И третата работа која што ова раководство на СДСМ и Зоран Заев може да ви ја понудат е грабеж, грабеж онаков каков што беше прикажан на денешната прес конференција, потенцираше Мицкоски и заклучи:

„Ја користам оваа прилика, да ве убедам дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со десетици бил рекол стотици експерти од земјава и странство работат на изготвување на сериозен план кој што ќе ја врати Македонија повторно на победничките патеки. Бидете спокојни и верувајте дека ВМРО-ДПМНЕ како зрела и државотворна политичка партија има еден приоритет, а тоа е како да се спаси Македонија. Македонија може да се спаси, ако се спасат повеќе човечки животи, ако се спаси економијата во државата и да се донесе благосостојба во целата држава.“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here