дома Балкан „Заев и Димитров се штетниците за Македонија, македонскиот народ и јазик“

„Заев и Димитров се штетниците за Македонија, македонскиот народ и јазик“

326
0
АКЦИЈА
„Заев и Димитров се штетниците за Македонија, македонскиот народ и јазик“

Заев и Димитров се штетници за Македонија, македонскиот народ, јазик и се што претставува идентитетска одредница, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Сите трајни вредности според владата на СДСМ имаат цена, а таа зависи од пазарната понуда и од нивните лични потреби. Оваа влада се ценка и распродава нешто што не е нивно, туку било градено со генерации. Димитров, Заев и Спасовски кријат од македонската јавност документ со кој Бугарија отворено го условува за датумот за преговори. Од Македонија се бара да се откаже од македонско малцинство, а со тоа и од именувањето на македонскиот народ како македонски. Дека СДСМ не се грижи за граѓаните говори и анализата на институтот за економски истражувања Сазадвег, заклучно со 7 април, Македонија донела одлука финансиски да интервенира во стопанството во висина од 0,2% од БДП. Со што Македонија е меѓу европските држави кои за помош на економијата вбризгале најмалку пари во првиот месец по прогласувањето на пандемијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека тие како политичка партија сметаат дека едностраните решенија прифатени и имплементирани од страна на Владата на СДСМ, без демократски дијалог, консултација со релевантните политички субјекти и пошироката експертска јавност и нанесуваат сериозна штета на нашата држава.

-Поради тоа идната Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе стави силен фокус кон развојот на евро-интеграцискиот пат, но ќе посвети и големо внимание кон заштитата на идентитетските прашања, вклучувајќи ја и поддршката на македонското малцинство, кое живее надвор од границите на Република Македонија, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Превземено од
https://kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-i-dimitrov-se-shtetnicite-za-makedonija-makedonskiot-narod-i-jazik/?fbclid=IwAR30b82nt1RV4DC5qpFtCF07gB4wJELigAbiA68KM4HdWduwrZ5uAghdUHI

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here