дома Вселена Прилепчанец на Фејсбук: “10 дена чекам резултати, никој се нема јавено да...

Прилепчанец на Фејсбук: “10 дена чекам резултати, никој се нема јавено да праша дали имаме cимптоми”

380
0
АКЦИЈА

Мартин Јошески од Прилеп кој е вработен во Агенција за храна и ветеринарство, на својот Фејсбук профил пишува дека цели 10 дена чека резултати од земен брис за кopoнавиpyc и дека 20 дена се наоѓа во самоизолација.

“На ден 13.04.2020 година во 11:35 земен ми е брис за испитување на COVID-19 во ЈУ Центар за јавно здравје Прилеп по епидемиолошко согледување дека на ден 02.04.2020 година сум имал контакт со потврдена колешка вработена во АХВ на COVID-19. Никој ниту од АХВ ниту од Министерството за здравство не се јави да праша дали имаме некакви симптоми, да дојдат да прашаат од ДИЗ заради контакт….

После 20 дена изолација и 10 дена од земањето на брис, резултатите никако да стигнат…. Брисот да го пратеа во вселената, до сега ќе имаше резултат….

Најтрагично е што некој со тоа ситуацијата ја држи под контрола, се пумпаат бројки и статистика… Дополнително вирусот се шири, асимптоматските пациенти го пренесуваат, некои умираат како секундарна последица на вирусот, и сето тоа во период на карантин…

Има некој нормален што ја води Република Македонија….? Или уште аплаудираме … На добиениот датум за датум за почеток на преговорите со оние кои ги изгубиле вредностите за помош, за добиената помош од ЕУ во висина од над 60 мил. евра, или пак аплаудираме на министерот кој ги остави здравствените работници голораки на првата борбена линија со вирусот….”https://www.facebook.com/Martinco1987/posts/10216789698995430

Превземено од :http://www.dokazmakedonija.mk/prilepchanets-na-fejsbuk-10-dena-chekam-rezultati-nikoj-se-nema-javeno-da-prasha-dali-imame-cimptomi/?fbclid=IwAR0VyQXMiVKcWCRrryIiwsvOYJe4HvIhhuRyp4bLbi1_8EhFuNKVTNWhhlE

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here