дома Вселена Оливер Спасовски „отвори“ бензинска во Куманово: Газдите немаат никаков приход, ама инвестирале...

Оливер Спасовски „отвори“ бензинска во Куманово: Газдите немаат никаков приход, ама инвестирале милиони во бензинска!

902
0
АКЦИЈА

Веста е објавена пред седум месеци на ден 07. Август 2019. Па заклучете сами кому му одговара да не се качи акцизата на црвената нафта

Оливер Спасовски „отвори“ бензинска во Куманово: Газдите немаат никаков приход, ама инвестирале милиони во бензинска!

Продолжува рапидната бизнис експанзија на семејството Петрушевски од Куманово, кое е во пријателска и институционална поврзаност со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Откако преку класичен конфликт на интереси, компанијата на Добрин Петрушевски, „Пин Петрол“, доби дозвола за станица за технички преглед, во саботата тие ја отворија најголемата бензинска пумпа во Куманово во населбата „Перо Чичо“ во која покрај станицата и бензинската има и автоперална, супер маркет и ресторан и кафитерија. Ноиот комплекс, почна да работи од понеделникот.

Компанијата која ја отвора станицата, во изминатите години по нејзиното основање не пријавила никаков приход.

На отворањето на новиот комплекс, за кој во кумановската чаршија се зборува дека е директно поврзан со министерот Оливер Спасовски, се појави целата елита на владејачката СДСМ, а божем е „газда“ Спасовски заедно со неговата сопруга се прошета на свеченото отворање на на комплексот на кое имаше и богата културно-уметничка програма.

Министерот Спасовски на отворањето на новата бензинска на „Пин Петрол“

Овој нов бизнис, не би бил воопшто симптоматичен доколку Никица Петрушевски (син на сопственикот Добрин Петрушевски) не беше вработен како еден од најблиските соработници на министерот Спасовски, каде што е советник за комуникации и односи со јавноста.

Пред еден месец, опозицијата реагираше токму на дозволата која од МВР ја добила „Пин Петрол“, додека синот на сопственикот е советник во кабинетот на Спасовски.

-Дали Никица Петрушевски од Куманово е вработен во МВР во Октомври 2018 како советник за комуникации во кабинетот на Оливер Спасовски? Дали Никица Петрушевски е син на Добрин Петрушевски, финансиер на СДСМ во Куманово и сопственик на Пин Петрол? Дали МВР пред еден месец издало одобрение на Пин Петрол за станица за технички преглед по што фирмата на неговиот татко ја проширува дејноста? Дали имал влијание и какво влијание имал советникот на Спасовски при носењето на одлуката ? Доколку Спасовски е загрижен за интегритетот на полициските службеници и нивното богатење во службата да одговори за колку ќе го зголеми семејното богатство неговиот советник откако е вработен во МВР до денес? – праша Орце Ѓеорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Пин Петрол“ има 0 приход во 4 години, а инвестира милиони!

По доаѓањето на СДСМ на власт, очиглед е дека фамилијата Петрушевски многу профитира. Податоците во централниот регистар покажуваат дека од 2015 до 2019 компанијата немала ниту еден денар приход, а наеднаш годинава отвора огромен комплекс кој има вредност од неколку милиони евра. Дополнително, како што веќе напоменавме, преку конфликт на интереси „Пин Петрол“ добива дозвола за станица за технички преглед.

Комплексот е со површина од неверојатни 8000 метри квадратни, во современи објекти и со софистицирана опрема по високи стандарди, граѓаните на едно место можат да добијат сертифицирани горива: Еуросупер 95 БС, Еуросупер 98 БС, Еуродизел БС, Течен Нафтен Гас (ТНГ) и AD BLUE, како и врвна услуга во најсовремената станица за технички преглед за сите видови возила, регистрација, сите видови на осигурување, издавање на меѓународни возачки дозволи, документи за управување со туѓо моторно возило, хомологација и сите други услуги што ги диктира новото време и современото работење.

Се поставува прашањето, од каде и се парите на оваа компанија, наеднаш да направи толкава инвестиција, кога од основањето до денес, немала никаков приход?

Таткото финансиер на СДСМ, синот вози кола со флешери!

Никица Петрушевски до министерот Спасовски

Никица Петрушевски, синот на официјалниот сопственик на новата бензинска и стана познат на пошироката јавност по тоа што вози приватен автомобил со полициски флешери. Се чини, заузданоста на владејачката елита, нема крај.


Превземено одhttps://lider.com.mk/ekonomija/oliver-spasovski-otvori-benzinska-vo-kumanovo-gazdite-nemaat-nikakov-prihod-ama-investirale-milioni-vo-benzinska/

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here