дома Вселена ИЗРЕАЛСКИ НАУЧНИК ИМА „РАВЕНКА“ СО КОЈА ТВРДИ – ТОЧНО ЗНАМ КОГА И...

ИЗРЕАЛСКИ НАУЧНИК ИМА „РАВЕНКА“ СО КОЈА ТВРДИ – ТОЧНО ЗНАМ КОГА И КАКО ЌЕ ИСЧЕЗНЕ КОРОНА ВИРУСОТ

528
0
АКЦИЈА

Истакнатиот израелски математичар, аналитичар и поранешен генерал Исак Бен-Израел тврди дека едноставна статистичка анализа покажува дека ширењето на Ковид-19 се намалува по околу 40 дена и дека паѓа речиси на нула по 70 дена, без разлика каде напаѓа и независно од тоа какви мерки преземаат владите за спречување на вирусот, пренесува Фокус.мк.

Професорот, кој е шеф на програмата за студии за безбедност на универзитетот во Тел Авив и претседател на Националниот совет за истражување и развој, за израелскиот Канал 12 изјави дека истражувањето што го спровел со свој колега, анализирајќи го растот и падот на нови случаи во земји низ целиот свет, постојано покажува дека „постои одредена шема“ и „бројките зборуваат сами за себе“.

Тој вели дека социјалното дистанцирање и затворањето на економиите ширум светот претставува докажана грешка во однос на тие статистики. Во случајот со Израел, истакна тој, околу 140 луѓе обично умираат секој ден. Да се ​​затвори голем дел од економијата поради вирус кој убива еден или два на ден е радикална грешка која непотребно го чини Израел 20 проценти од нејзиниот БДП.

Професорот Габи Барбаш, директор на болница и поранешен генерален директор на Министерството за здравство, во жестоката ТВ-дебата тврдеше дека Бен-Израел греши и дека бројот на починати би бил далеку поголем доколку Израел и другите земји не преземеа мерки за заштита, пренесуваат тамошните медиуми.

Но Бен-Израел рече дека бројките – особено од земји како Сингапур, Тајван и Шведска, кои не презеле вакви радикални мерки за да ги затворат своите економии – ги потврдуваат неговите аргументи.

Целиот текст на ФОКУС.мк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here