дома Вселена Коронавирусот е подготовка да нè чипуваат“ – зборовите на Русинот ја кренаа...

Коронавирусот е подготовка да нè чипуваат“ – зборовите на Русинот ја кренаа јавноста на нозе

902
0
АКЦИЈА

Само уште една од низата теории на заговор за пандемијата коронавирус ја изнесе некогашниот тениски ас и голем пријател на Новак Ѓоковиќ, Марат Сафин.

Некогашниот руски тенисер, Сафин, порачал дека Ковид-19 е вовед за плановите на светксите моќници кои што сакаат да ги контролираат луѓето со помош на микрочипови.

Далеку од тоа дека такво нешто првпат се спомнува во вакви ситуации, а дали има допир со вистината – не е познато.

Сафин е поборник со став и таквите теории ги кажува гласно во јавноста, па сега во интервју за рускиот портал „Спортски.ру“ изјавил:

„Мислам дека со оваа коронакриза луѓето се подготвуваат да бидат микрочипувани. Бил Гејтс уште во 2015-та година изјави дека нè очекува пандемија, дека следниот непријател ни е вирусот, а не нуклеарната војна. Изведоа и симулација во текот на форумот во Давос, тестираа како ќе изгледа таа пандемја.

Не верувам дека Бил Гејтс е видовит, тој знаеше што ќе се случи. Мислам дека ситуацијата со вирусов не е онаква каква што ни ја претставуваат, но луѓето веруваат, веруваат во тие ‘хорор приказни’ кои што ги гледаат на телевизија, а има и луѓе кои што веруваат дека на цивилизацијата ѝ се ближи крајот – јас не. Само мислам дека наскоро ќе нè  чипуваат“.

Не било потребно на Сафин да му се поставуваат многу дополнителни прашања на оваа тема…

„Го заклучија цел свет во нивните домови, така што сега тие можат да прават што сакаат. Мислам дека не постојат луѓе кои што се помоќни од светските лидери, оние кои што ги контролираат парите, владетелите на светот, кои што многу лесно создаваат вакви сценарија.

Наречете го тоа ‘влада во сенка’, наречете го како сакате, јас мислам дека не знаеме дали тие постојат. Ротшилд и Рокфелер се добро познати имиња на сите, но мислам дека некој помоќен стои зад нив“ – заклучил Русинот.

Превземено одhttps://think.mk/2020/04/koronavirusot-e-podgotovka-da-ne-chipuvaat-zborovite-na-rusinot-%D1%98a-krenaa-%D1%98avnosta-na-noze/?fbclid=IwAR3CObybqXy8EGSdZrCWnmLR7-h09nzAAwwN4tzPlsrbL9JDcsgApuzHt3w

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here