дома Вести Битолски доктор до Филипче: Четири дена чекавме резултат за во овие касни...

Битолски доктор до Филипче: Четири дена чекавме резултат за во овие касни саати да разберам дека е позититвен на Ковид-19

179
0
АКЦИЈА

Доктор од Битола преку „Фејсбук“ го прозва министерот за здравство бидејќи резултатите од тестовите за Ковид-19 се чекаат и до четири дена.

Почитуван колега и Министер Венко. Четири дена чекавме резултати за лежечки пациент на интерно одделение, за сега во овие касни сати да разберам дека е позитивен за КОВИД-19? Нема да се помирам и да ја прифатам оваа лакрдија, напиша докторот Боби Трајковски на „Фејсбук“.

Вели дека може слободно да биде казнет, но, како што рече, неспособните да се сменат веднаш.

Таков гнев и револт чувствувам што не се опишува. Не ме исполнуваат аплаузи и немам потреба да си го хранам егото, барав да се водиме според правилата и да се заштитиме во секој поглед. Цел месец укажував дека не сме на ниво и еве дојде до тоа од коешто се плашев. Потфрливме и за ова барам да се одговара, напиша Трајковски на Фејсбук.

Во коментарите тој појаснува дека пациентот бил примен во петокот, а во саботата му бил земен брис. За тоа дека е позитивен Трајковски бил информиран дури вечерва. Пациентот бил асимптоматски, но постоел епидемиолошки податок дека можеби е заразен со коронавирусот.


https://www.facebook.com/doctorbobi72/posts/10216873559973007

Превземено од
https://republika.mk/vesti/makedonija/bitolski-doktor-do-filipche-chetiri-dena-chekavme-rezultat-za-vo-ovie-kasni-saati-da-razberam-deka-e-pozititven-na-kovid-19/?fbclid=IwAR2Cp0n-GigzmxecowKiQLjogq4WBkO_Kx950JiQQMkMl9hWoUkfgoEKDN0

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here