дома Вселена Сириец подготвувал терористички напади во Германија

Сириец подготвувал терористички напади во Германија

42
0
АКЦИЈА

Полицијата на Берлин уапси сириски државјанин осомничен за подготвување терористички напад во Германија, соопшти обвинителството во Карлсруе.

„Обвинетиот, со радикална исламистичка позадина, набавувал хемикалии и делови потребни за правење експлозивна направа уште од почетокот на 2019 година“, се вели во соопштението на Кабинетот на јавниот обвинител на Карлсруе, во кое се испитуваат сите сомнителни закани за уставниот поредок на Германија.

Осомничениот, според соопштението, планирал да ја активира експлозивната направа на досега непозната локација во Германија. Требало да користи експлозив ТАТП, кој е популарен кај терористите затоа што лесно може да се направи со достапни материјали како што е ацетон.

Јавниот сервис АРД известува дека станува збор за 37-годишниот сириски државјанин Абдула Х., кој веќе неколку месеци е под надзор на власта. Германските власти дознале за осомничениот по пријава од странска разузнавачка служба која следела група блиска до Исламската Држава  на платформата за пораки на Месинџер.

Извор Канал 5

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here