дома Вселена Во кинотека недела на Шпански филм

Во кинотека недела на Шпански филм

476
0
АКЦИЈА
Постерот за неделата на Шпански филм за 2019.г во кинотека

Во рамки на одбележувањето на јубилејот-25 години од воспоставувањето на билатералните односи меѓу Кралството Шпанија и Македонија, амбасадата на Шпанија во соработка со Министерството за култура и Кинотеката на Македонија организира „Недела на шпански филмови“.

Свеченото отворање на манифестацијата е планирано на 21 ноември, во 20 часот во Кинотека со проекција на филмот “Requisitos para ser una persona normal” (Како да се биде нормална личност) од 2015, во режија на Летисија Долера.

Следуваат „Кинеска приказна“ на Себастијан Боренштајн (22 ноември), „Апостол“ на Фернардо Кортизо и „Дождот исто така“ на Исијар Болаин (23 ноември), „Црн леб“ на Агусти Виљаронга и „Мартин“ на Адолфо Аристараин (24 ноември) и „Животот продолжува“ на Фернандо Фернан Гомез (25 ноември).

Сите филмови имаат превод на македонски и на англиски јазик.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here