дома Вселена Вандалите овој пат почнаа да ја напаѓаат полицијата со стрели во Хонг...

Вандалите овој пат почнаа да ја напаѓаат полицијата со стрели во Хонг Конг

68
0
АКЦИЈА
Полицаец на должност застреан со стрела во ногата овој пат од страна на вандалите

Полицаец на должност од Хонгконг денеска е погоден со стрела в нога, отакако полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои се собрале околу универзитетски кампус каде што студентите посетуваат настава – места кои последниве недели важат за мета на антивладините протести.

На фотографиите, објавени на фејсбук страницата на полицијата, се гледа дека стрелата се забила во долниот дел од ногата на полицаецот, а соопштено е дека тој бил пренесен во болница, јави агенцијата АП.

Демонстрантите одбиваат да се повлечат, иако камиони со водени топови преминаа преку импровизираните барикади од тули, кои тие ги поставија на улиците во секојдневниот манир на насилие.

Демонстрантите се навлегоа со сила во Политехничкиот универзитет откако падна темница, изигрувајќи жртви во оправдувањето на своето насилие, откако полицијата, користејќи солзавец им се приближи од спротивната страна за да ги одбрани образовните институции како Политехничкиот универзитет кои сега се во немилост на вандалите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here