дома Вселена Судот констатираше застареност за гонење на Никола Груевски во предметот траекторија

Судот констатираше застареност за гонење на Никола Груевски во предметот траекторија

322
0
АКЦИЈА

Судот констатираше дека настанала апсолутна застареност за гонење на поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Траекторија“ за кинеските автопати. 

Сите судски трошоци поврзани за оваа постапка против Груевски ќе ги плати државата

Ова следува откако адвокатот кој по службена должност му беше одреден на Груевски, неодамна доставил до судот барање да се констатира застареност на случајот со оглед на тоа што се истечени шест години од времето кога е сторено делото според обвинението на СЈО, а правосилна пресуда немаше. Обвинителката Лиле Стефанова не сакаше да ја коментира одлуката што Груевски нема да одговара.

Инаку, денешното рочиште не се одржа, поради здравствени причини на вештакот кој до судот испратил и лекарска потврда.

Извор Канал 5

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here