Заменик министерот за надворешни работи на Гана, Чарлс Овиреду, потврди дека неговата земја веќе не го признава Косово, јави Танјуг.
Тој наведе дека за повлекувањето на признавањето на Косово со писмо официјално е известена и Србија.
-Владата на Гана одлучи веќе да не го признава Косово како независна држава, рече Овиреду и додаде дека одлуката за признавањето на Косово од 2012 година „сигурно била донесена со желба за мир и хармонија“, пренесе РТС.
Таа одлука денеска, сепак, се смета за избрзана и за прекршување на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност.
Според оваа резолуција, Косово се наоѓа под меѓународен протекторат и се смета за дел од Сојузна Република Југославија, чиј правен наследник е Србија.