Појак земјотрес од 4,4 степени по Рихтер го потресе утрово Дубровник, јадранскиот бисер и неговата околина, јавија хрватските медиуми. Добрата страна е што за среќа нема повредени ниту голема материјална штета.
Епицентарот на потресот бил во морето околу 38 километри западно од Дубровник, односно 18 километри од Стонот, пренесува Index.hr.