дома Вести Србите незадоволни од владењнњто на правото во Република Северна Македонија. Синот на...

Србите незадоволни од владењнњто на правото во Република Северна Македонија. Синот на Драгиса Милетиќ и советник во Општина центар Петар Милетиќ реагирасе за непочитувањето на меѓунаодното право и неиспорачување на Србија извршителот на воени злосторства Морина.

545
0
АКЦИЈА

Со неиспорачувањето на терористот кој е обвинет за злосторства врз цивилно население, Македонија го прегази меѓународното право. За каква правна држава се залага Македонија и за какво почитување на меѓународното право станува збор, кога функционери на ДУИ и привремената и лажна власт во КИМ ја знаат однапред одлуката на судот? Впрочем, не е толку важно да се почитуваат овие работи, најважно е да не се налути Албанското гласачко тело, нели? А што е со другите етнички заедници во Македонија? Ако меѓусебните релации на Македонците и Србите укажуваат дека се исклучително блиски народи, дали нанесената неправда на едните, не рефлектира идентични чувства и кај другите? Ако тенденциите на Македонија се добрососетски односи со сите соседни држави, Ве молам да ми одговорите на кој начин ќе го правите тоа? И како ќе ја оправдате својата одлука пред најмоќната држава на Балканот, а која од ден на ден станува на сите полиња сė помоќна и сė повеќе почитувана во меѓународната заедница, пред се поради принципиелната и стабилна политика која е фактор за стабилноста на Балканот!!! Искрено им честитам на Албанија и Албанците од Косово за влијанието кое го имаат врз институциите во Македонија и врз правосудниот систем. Факт е дека во Македонија нема сила која ќе може да им се спротистави, дури и кога станува збор за барање на Интерпол, за терорист кој е обвинет за злосторства врз цивилно население. Или можеби флагрантното непочитување на потерницата од ИНТЕРПОЛ има некое аргументирано образложение?

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here