дома Балкан Во Скопје се одржа прославата на денот на рускиот јазик, и споменот...

Во Скопје се одржа прославата на денот на рускиот јазик, и споменот на 220.години од раѓањето на рускиот и светскиот поет Александар Пушкин

408
0
АКЦИЈА
Рускиот амбасадор Сергеј Базднкин и градоначалникот на опттина Кисела вода Филип Темелковски-групна фотографија пред споменикот на Александар Пушкин каде што беше откриена и нова плоча на големиот Руски и светски поет

Денеска во паркот «Пушкин» во Кисела Вода се одржа свеченоста по повод Светскиот ден на рускиот јазик.

обраќањето на рускиот амбасадор Сергеј Базднкин кон присутните
Обраќањето кон присутните на градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски

На бројните присутни им се обратија Градоначалникот на општината Филип Темелковски и Амбасадорот на Русија Сергеј Баздникин, кои по обраќањата заедно со Почесен конзул на Русија во Охрид Велимир Стојковски положија цвеќе пред споменикот на Александар Пушкин.

По повод 220-годишнината од раѓањето на поетот исто така беше отворена нова спомен-плоча.

Изведба на руски игри и песни на едно од вете кутурно уметнички друштва кои настапија на манифестацијата посветена на рускиот јазик.

Покрај тоа гостите имаа можност да уживаат во прекрасна изведба на познатите руски песни од “Чајка” и “Славјанка”. А за најмалите гости беше прикажан цртан филм “Приказна за цар Салтан”

Посетителите низ осмех и со задоволство ги следеа изведбите на КУД “Славјанка” и “Чајка”

Посетителите уживаа во богатата програма на оваа јубиларна манифестација, која во Скопје веќе е традиција помеѓу почитувачите на рускиот јазик, култура, литература и традиција.

Македонската книжевност има длабоки корени во Руската, која и ден денес во модерните времиња се вбројува како една од најблиските и најинспиративните за македонските книжевни догледи и достигнувања.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here