![](https://balkanskiglasnavistinata.mk/wp-content/uploads/2019/06/62118680_1035303580004587_3953307672714936320_n-640x853.jpg)
Денеска во паркот «Пушкин» во Кисела Вода се одржа свеченоста по повод Светскиот ден на рускиот јазик.
![](https://balkanskiglasnavistinata.mk/wp-content/uploads/2019/06/62356511_1035303510004594_7982746879156813824_n-640x480.jpg)
![](https://balkanskiglasnavistinata.mk/wp-content/uploads/2019/06/62240549_1035303456671266_7082397742504345600_n-681x511.jpg)
На бројните присутни им се обратија Градоначалникот на општината Филип Темелковски и Амбасадорот на Русија Сергеј Баздникин, кои по обраќањата заедно со Почесен конзул на Русија во Охрид Велимир Стојковски положија цвеќе пред споменикот на Александар Пушкин.
По повод 220-годишнината од раѓањето на поетот исто така беше отворена нова спомен-плоча.
![](https://balkanskiglasnavistinata.mk/wp-content/uploads/2019/06/62234568_1035303610004584_4686154841465028608_n-640x480.jpg)
![](https://balkanskiglasnavistinata.mk/wp-content/uploads/2019/06/61912740_603903540113003_4654069816561238016_n.jpg)
Покрај тоа гостите имаа можност да уживаат во прекрасна изведба на познатите руски песни од “Чајка” и “Славјанка”. А за најмалите гости беше прикажан цртан филм “Приказна за цар Салтан”
![](https://balkanskiglasnavistinata.mk/wp-content/uploads/2019/06/61922117_1035303443337934_282813889815511040_n-640x480.jpg)
Посетителите уживаа во богатата програма на оваа јубиларна манифестација, која во Скопје веќе е традиција помеѓу почитувачите на рускиот јазик, култура, книжевност и традиција.
Македонската книжевност има длабоки корени во Руската, која и ден денес во модерните времиња се вбројува како една од најблиските и најинспиративните за македонските книжевни догледи и достигнувања.