дома Балкан Приказот на воената индустрија на Србија за странски потреби, ги руши рекордите...

Приказот на воената индустрија на Србија за странски потреби, ги руши рекордите во извоз на наоружување на Балканот

393
0
АКЦИЈА
видеото од целиот приказ

На полигонот Никинци пред некој ден е изведен приказ на наоружување и војна опрема од српско производство за страни партнери од Белорусија, Унгарија, Словенија и Грција.

Приказот се состоеше од статички дел каде што се претставени модернизирани и нови борбени системи во различни фази на развој, како и во динамичниот дел.

Главниот динамичен дел на приказот беше дејството на комбинираната единица со две самоходни хаубици НОРА Б52, два модернизирани лансери на ракетите ОГАЊ и два лансера на наведуваните проектили АВАС.

Приказот како што е наведено е презентиран од страна на министерот за одбрана на Србија заради големата заинтересираност на странскиот пазар за српското вооружување

Министерот на Србија Александар Вулин подвлече дека во поодамнешни времиња Србија продавала само муниција додека денес е во состојба да продава и сложени воени системи на странските побарувачи кои не се во мал број.

Српската воена индустрија е една од најразвиените на Балканот. Таа извезува на неколку континети воена опрема од светски размери и квалитет.

Воената опрема на Србија може да се најде во вооружувањата на многу Афрички и Азиски армии кои не штедат пари за надоградување на војната спремност на своите армии.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here