дома Наука Руски и јапонски научници успеаа да ги “разбудат” ќелиите на мамутот

Руски и јапонски научници успеаа да ги “разбудат” ќелиите на мамутот

489
0
АКЦИЈА
Мамутица Јука у Москви
Остатоците од женката мамут по име Јука


Тим на руски и јапонски научници успеа да ги разбуди ќелиите на женка мамут со име Јука, која живеела во Јакута пред 28 илјади години.

Научниците од ќелиите на мамутите ги извлекле генетските информации и ги пресадиле најзачуваните јадра во јајчани ќелии на глувци, објави ББЦ, повикувајќи се на истражувањето објавено во магазинот NATURE.

Во некои ќелии забележени се показатели на биолошка активност која им претходи на нивното размножување по пат на делење. И иако процесот не го достигна нивото на делење на ќелиите, научниците се задоволни со постигнатите резултати

„Тоа покажува дека, иако поминале толку векови, ќелиите можат да покажуваат активност и барем делимично да ја репродуцираат”, изјави еден од истражувачите Кеј Мијамото.

Спрема неговите зборови научниците кои порано ја анализирала ДНК на фосилот не размислувале за тоа да ли функционалниот материјал на ќелиите може да се искористи. Мијамото истакна дека во поскоро време не можеме да очекуваме поголем напредок во оживувањето на мамутите, но дека ова е првиот корак кон клонирање на древното животно.

Тој додаде дека современата метода на пресадување на јадрото не овозможува мамутот да се клонира во денешни времиња. Меѓутоа, истражувачот смета дека експериментот сосема сигурно треба да се повтори, ако се пронајдат јадра која се најдобро зачувани..

Мамутицата Јука пронајдена е во 2010. година на обалата наЛаптевското море во Јакутија. На почетокот беше претпоставувано дека староста на фосилот е околу 40 илјади години, но подоцна е констатирано дека е 28 илјади години. Остатоците од мамутот се одлично зачувани поради вечитиот лед. На телото на ѓивотното најдени се засечоци направени со човекова рака и трагови на повреди од диви животни. Се наведува дека младата маутка не умрела од природна смрт.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here