дома Балкан Во саботата во НУБ Св. Климент Охридски беше одржан натпревар по кинески...

Во саботата во НУБ Св. Климент Охридски беше одржан натпревар по кинески јазик и калиграфија

500
0
АКЦИЈА

Во сабота на 1 јуни о.г. беше одржан четвртиот по ред државен квалификациски натпревар за „Кинески мост“ – Меѓународниот натпревар по кинески јазик.

Натпреварот беше одржан во холот на НУБ “Св. Климент Охридски” во Скопје.

Дел од посетителите кои го следеа натпреаврувањето во кинески јазик и калиграфија

Присуствуваа бројни почитувачи и изучувачи на кинеската култура и кинескиот јазик.

Една од натпреварувачките

Натпреварувачите се натпреваруваа и ги покажаа своите вештини во калиграфија и зборување на кинескиот јазик.

Изведба на изворни кинески песни од страна на најмладите

Нтапреварувањето “Кинески мост” беше пропратено и со приказна од кинеската култура и изворни кинески песни во кои најмладите зедоа учество, на задоволство на посетителите.


Претседателот на институтот Конфуциј во Скопје амбасадорот на НР Кина, ректорот при УКИМ и една од победничките на натпреварувањето.

Првопласирана во натпреварот е Стефанија Кузмановска, второпласирана Ивана Иванова и третопласираните Верица Костова, Мила Динковска и Славица Ничовска Донев. Тие покажаа инзворедно знање на кинескиот јазик и калиграфија и воопшто од кинеската култура.

Институтот Конфуциј упати пофалби за сите натпреварувачи и благодарност до стручното жири за инзворедно завршената задача.

Во средина кинескиот амбасадор Н.Е. Јин Лишијан

Исто така беше присутен и амбасадорот на НР Кина Н.Е: Јин Лишијан како и ректорот при УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски.

Групна фотографија

Меѓу останатите кои го разубавија настанот беа и учениците од школото за кинески јазик “Ни Хао”.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here