Новите европски ракометни прваци во 18:50 часот треба да пристигнат на скопскиот аеродром, а од таму да се упатат директно на плоштадот Македонија во Скопје, каде ќе биде главната прослава за трофејот освоен на фајнлфор турнирот во Келн.
Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје најави дека ќе обезбеди два двокатни автобуси кои бесплатно ќе возат до аеродромот, а во нив ќе може да бидат сите оние навивачи кои ќе сакаат да ги поздрават европските прваци. Тргнувањето на автобусите ќе биде во 17 часот пред Југодрво.
Најавено е и дека државната телевизија, МТВ ќе врши директен пренос.