дома Балкан Од денес стапува на сила забраната за плаќање на повеќе од 500...

Од денес стапува на сила забраната за плаќање на повеќе од 500 евра во кеш

463
0
Евро банкноти

Од денес во нашата држава стапува на сила забрана за плаќање во готовина за износи поголеми од 500 евра, односно противвредност 30 илјади и 700 македонски денари.

Наместо ‘кеш’ купувачите на роби и услуги во вредност поголема од споменатиот износ можат да користат исклучиво картички и плаќање преку сметка во банките.