Делегација на НАТО, на чело со генералниот секретар Јенс Столтенберг, ќе допатува во дводневна посета на нашата држава, каде со официјалните лица ќе разговара за процесот на пристапување на земјата во НАТО.
Спрема најавата, во Скопје прво ќе допатува Столтенберг и неговиот кабинет, а час подоцна со друг лет и 29-те членови на Северноатланскиот совет, главното политичко телокое донесува одлуки во НАТО, јави Гласот на Америка.