Александар Вучиќ го посети Рускиот член при мисијата на УН во Косово, кој страдаше при нападот на приштинските специјалцци.
Претседателот на Србија сакаше да знае за здравјето на Михаил Красношчеков.
Рускиот државјанин моментално прима медицинска терапија во белградската војна клиника ВМА.
Крансошкеков, кој се здоби со сериозни повреди при нападот, беше транспортиран до Белград од Северот на Косово, поточно од Косовска Митровица, каде што првично му беа санирани повредите од хитната медицинска служба.
Вучиќ беше придружуван од Рускиот амбасадор Александар Чепурин, Српскиот министер за одбрана Александар Вулин и генералот Милан Мојсиловиќ.