Косовскиот премиер Рамуш Харадинај рече дека Косово нема надворешна политика и дека му “припаѓа на клубот кој го води Америка”.
“Ние сме дел од Европа и соработуваме со Брисел и Берлин. Меѓутоа, кога е надворешната политика во прашање, ние сме дел од клубот на земји кои ги предводи Америка. Нам тоа не ни е проблем да го признаеме немаме ние време да се занимаваме со проблемите во светот”, рече Харадинај во интервјуто за белградската телевизија “Хепиi”.