дома Балкан Само 38 проценти од Македонците би се бopeле за својата земја

Само 38 проценти од Македонците би се бopeле за својата земја

400
0
АКЦИЈА

Тоа прашање им било поставено во истражување на Галуп заедно со Ворлдвајд Индипендент Нетворк во 64 држави во светот.

Построени војници во АРМ

Во глобален просек, 61 отсто испитаници одговориле дека би биле подготвени да се бopaт за својата држава, додека 27 отсто одговриле – не. Очекувано, поголем е процентот на мажи глобално кои би се бopeле (67 отсто) додека жените – 52 отсто.

Најголем процент подготвени за в**на за својата држава се на Блискиот исток и во северна Африка – 93 отсто додека најнизок е во Западна Европа – 25 отсто.

Во анкетата биле вклучени 62.398 луѓе – по илјада за секоја држава.

Најмалку во светот би се бореле за својата земја Јапонците – само 11 отсто. Следуваат во Холандија (15 отсто), Германија и Белгија (19 отсто), Италија 20 отсто… Најпоготвени за бopба за својата држава се во Мароко и Фиџи – 94 отсто. Следуваат Пакистанците 89 отсто, Виетнамците 89 отсто, во Бангладеш – 86 отсто, Азербејцан – 85 отсто…

Во Европа предничи Финска – 74 отсто се подготвени за в**на за одбpaна на својата држава. Следува Турција 73 отсто, Украина 61 отсто додека во Русија тој процент е 59 отсто.

Македонски војник

Од поранешна Југославија – Косово – 58 отсто, БиХ – 55 отсто, Србија 46 отсто и Македонија 38 отсто.

Муслиманите се најподготвени за вojна – 78 отсто, хиндуисти 77 отсто, будисти 66 отсто, а по нив – aтeистите и агнocтици – 57 отсто. Меѓу христијаните – 53 отсто православни, па католици – 52 отсто. Евреите се подготвени само 51 отсто.

Превземено од Skopje the capital of Macedonia

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here