Денес во Библиотеката „Григор Прличев“ во организација на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид, Ана Комарова, доктор на науки, одржа предавање за Свети Јован Шангајски и Сан Франциски (1896-1966), чудотворец и голем подвижник од XX век и за неговата врска со Македонија и македонскиот народ. Настанот го отвори Милчо Јованоски, соработник на библиотеката.
На предавањето присутствуваше и аташето за култура од Амбасадата на Руската Федерација, Михаил Евгењевич Крапива.
Многубројните гости во библиотеката се запознаа со многу интересни факти за животот и чудата на Свети Јован Шангајски, за неговата шестгодишна работа во битолската богословија, а исто така и за неговата меѓународна дејност за спасување на своите парохјани и на сирачињата. Во православниот свет тој е познат уште и како Јован Битолски или Јован Босиот, поради тоа што тој не обрнувал посебно внимание на облеката и често одел бос.
Дури и кога се наоѓал во странство тој им се јавувал и им пишувал писма на неговите духовни чеда, кои се наоѓале на другиот крај на светот. Светителот бил канонизиран во 1994 година, кога било откриено дека неговото дело и по 28 години од смртта останало нераспаднато.