дома Балкан ИЗЛОЖБА – САЕМ „НОВИТЕ КНИГИ НА РУСИЈА“

ИЗЛОЖБА – САЕМ „НОВИТЕ КНИГИ НА РУСИЈА“

457
0
АКЦИЈА
Новите книги на Русија


На 29 мај 2019 год. во Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, ќе биде отворена изложба-саем „Новите книги на Русија”, во организација на Претставништвото на Руската академија на науките за земјите на Источна Европа и Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”.
Во текот на трите денови во кои ќе биде отворена изложбата, ќе бидат претставени повеќе од 2000 книги, издадени во последните години од страна на водечките руски издавачки куќи: „Наука”, „Источна литература”, „Академија”, „Питер”, „Академски проект”, „РОССПЕН”, „Практика”, „Бином”, „Алпина Паблишер“, „ОМЕГА-Л”, Издателство МГУ, „Флинта“, „ОГИ”, „Јурајт“ и др.
Основната тематика на изложените книги ќе биде економија, менаџмент, финансии, право, проблеми на интелектуалната сопственост, математика, физика, историја, религија, социологија, политологија, лингвистика, педагогија, изучување на рускиот јазик и литература.
Покрај тоа, ќе бидат изложени и многу книги од класиците на руската литература, поети и писатели од Сребрениот век.
На изложбата исто така, ќе бидат претставени и голем број книги за деца – за претшколска и за училишна возраст, и се разбира, најдобрите изданија на современите руски писатели: Сергеј Довлатов, Дина Рубина, Татјана Толстаја, Алексеј Иванов, Људмила Улицкаја, Захар Прилепин.
На посетителите на изложбата ќе им бидат понудени и Каталози од новите руски книги и списанија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here