дома Балкан Денес во организација на почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид, ...

Денес во организација на почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид, Ана Комарова, доктор на науки, одржа предавање за Свети Јован Шангајски и Сан Франциски

354
0
АКЦИЈА
Од предавањето во библиотеката Григор прличев

Денес во Библиотеката „Григор Прличев“ во организација на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид, Ана Комарова, доктор на науки, одржа предавање за Свети Јован Шангајски и Сан Франциски (1896-1966), чудотворец и голем подвижник од XX век и за неговата врска со Македонија и македонскиот народ. Настанот го отвори Милчо Јованоски, соработник на библиотеката.

Ана Комарова говори за Св. Јован Шангајски и Сан Франциски

На предавањето присутствуваше и аташето за култура од Амбасадата на Руската Федерација, Михаил Евгењевич Крапива.
Многубројните гости во библиотеката се запознаа со многу интересни факти за животот и чудата на Свети Јован Шангајски, за неговата шестгодишна работа во битолската богословија, а исто така и за неговата меѓународна дејност за спасување на своите парохјани и на сирачињата. Во православниот свет тој е познат уште и како Јован Битолски или Јован Босиот, поради тоа што тој не обрнувал посебно внимание на облеката и често одел бос.

Посетителите со голема заинтересираност го слушаа предавањето

Дури и кога се наоѓал во странство тој им се јавувал и им пишувал писма на неговите духовни чеда, кои се наоѓале на другиот крај на светот. Светителот бил канонизиран во 1994 година, кога било откриено дека неговото дело и по 28 години од смртта останало нераспаднато.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here