Идејата за повлекување на едностраната независност на Косово во Франција живее долго паралелно со одлуката на Саркози за признавање на Косово. Имавме можност да видиме како еден претседателски кандидат во својата кампања наговести дека доколку победи ќе го повлече признанието на Косово. Таа идеја живее и меѓу многумина од таборот на денешниот претседател на Франција. Дебата во француското општество кое е високо развиена европска демократија за Косово и неговото признавање никогаш немало. Неколку луѓе на чело со Алекси Труд се обидуваат да ја исправат оваа грешка во француското општество и со тоа да обезбедат мир на Западниот Балкан и да внесат чувство на правда, мир и просперитет за сите Западно Балкнаски народи.
тринаесет земји ја променија одлуката за признавање на едностраната прогласена независност на Косово па зошто тоа не би го направила и Франција вели Алекси Труд, историчар и еден од покренувачите на петицијата во Франција за повлекување на независноста на Косово кој најавува покренување на таа иницијатива во националниот парламент.
– Тоа би било многу добро во целите на решавањето на целокупната ситуација на Западниот Балкан. Јасно е дека вака не може да се дојде до решение. Суштинска автономија за Косово би овозможила да се убрзаат преговорите и приемот на целиот регион во ЕУ – рече Труд
Во спротивно, ќе се разгори прашањето на Босна и Македонија, и како што додава,тоа на никого не му е во интерес.
Текстот на петицијата само во еден ден го потпишаа повеќе од 1.500 луѓе, а целта на организаторите од „Колективот за мир на Косово“ со кој претседава Труд, е всушност од почетокот на Јули и продолжувањето на разговорите за исњнината на КиМ во Елисејската палата бидат собрани 100.000 потписи и истовремено да се поттикне голема национална дебата.
–Сакаме пред 1. јули и доаѓањето на претседателот Александар Вучиќ во Париз да се одржи расправа во националното собрание на Франција за Косово. Веќе сме во контакт со одредени политичари на кои ќе им ја предадеме петицијата. Во план е они со неа да излезат пред Комисијата за надворешни работи на парламентот – рече тој.
Труд верува дека тоа би можело да ја смени состојбата наведувајќи дека во Франција немало дебата за признавањето на Косово.
– Никола Саркози тоа сам го одлучи во една неделна вечер на, 17. фебруари 2008, со здушна подршка на својот министер за надворешни работи Бернар Кушнер. Ова е прилика конечно за тоа да се поведе расправа. Посебно замајќи во предвид што неколку собраниски мисии во последно време пеоднеле алармантни извештаи за состојбата на човековите права и севкупната состојба на Косово – истакна Труд.
Тој најави дека следната недела ќе има кампања во француските медии, како и дека после европските избори потпси ветиле и многубројни парламентарци, регионални советници и партиски лица.