
Идниот претседател на нашата држава изјави дека неговата прва посета ќе биде на Косово. Стево Пендаровски беше промовиран како консензуален претседател и претседател на сите граѓани.
Во нашата држава живеат и голем број припадници на Српската национална заедница. Србија и српскиот устав го смета Косово како суверен дел од својата територија како и повеќето Срби насекаде во светот. И покрај сите притисоци од западот Србија е сигурна дека Косово нема да биде признаено од нејзина страна. Ниту од власта во Србија ниту од опозицијата велат дека е можно признавање на Косово. Па оттаму се поставува прашањето да ли овој чин е во духот на пријателсвото кон Србите во нашата држава и воопшто кон Србија и српскиот народ.
Да ли токму неговата прва посета ќе значи нешто во геостратешките политики на Балканот кои како по правило се контра на ставовите на Србија и Србите воопшто.. Да ли овој чекор е промислен и е смерница по која треба да се водат политичарите на Балканот а посебно политичарите од нашата држава.
Со овој потег кој е усмерен против еден цел народ во корист на друг, навистина се прави една корозија во меѓунационалните односи во нашата држава и воопшто во геостратешките политики на Балканот кои директно и првенствено го покажуваат антагонизмот кон Србија и Србите од наша страна.
Секако првата официјална посета не е без значење и без порака особено во високите политички кругови. На крајот се испоставува дека навистина горчливиот вкус на лажно пријателски подадената рака која наводно допира до сите граѓани и соседи во духот на зедништво и пријателство е само проформа на задскриена политичка агенда и фаворизирање на едни народи за сметката на другите со оваа помпезно најавена прва претседателска посета.