дома Црна Хроника Почина долгогодишниот претседател на Црвениот крст на Македонија

Почина долгогодишниот претседател на Црвениот крст на Македонија

514
0
АКЦИЈА
Д-р. Милчо Трајков, претседател на Црвениот крст на Република Македонија од 2008-2017

По кратко боледување денес на 18.04.2019 година на 65 годишна возраст почина поранешниот претседател на Црвениот крст на Република Македонија Д-р. МилчоТрајков.
Милчо Трајков беше претседател на Црвениот крст на Република Македонија од 2008 до 2017 година. Како долгогодишен волонтер од 80-тите години активно беше вклучен во акциите и активностите кој ги организираше Црвениот крст, пред се во делот на здравствено – превентивни активности.


Смртта го затекна на функцијата претседател на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Велес. Волонтерите и вработените на ЦКРМ ќе се сеќаваат на неговиот лик и дело.
Во негово сеќавање утре во 11:30 часот во големата сала на Општина Велес ќе се одржи Комеморативна седница, а посмртните останки ќе бидат изложени во Црквата Свети Пантелејмон гробиштата во Велес во 13:00.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here