дома Живот Првото беспилотно летало за патници тестирано во Виена

Првото беспилотно летало за патници тестирано во Виена

440
0
АКЦИЈА

Виена – Откако произведувачите на автомобили отидоа чекор напред во индустријата со self-driving автомобили, Австриската воздушно-вселенска компанија и нејзиниот Кинески партнер го покажаа нивниот pilot-less “летечки такси” за прв пат во Европа.

16-те пропелери на дронот беа многу гласни откако тој се вивна над стадионот во Виена Generali Arena, домот на фудбалскиот клуб Австрија Виена. Тенкиот авион, кој тежи 340 kg, кружеше во воздухот кратко и се спушти доле за неколку минути.

EHang 216(како што е името на леталката), во кој можат да седат два патника, беше тестиран сеопфатно и суштински и е спремен за масовна продукција, рече Дерик Ксионг, косопственикот на кинескиот EHang.

Вклучувајќи се во трката за нови автономни авио сервиси, EHang влезе во стратешко партнерство со австрискиот FACC, во сопственост на кинеската воздушно-вселенска група AVIC, минатата година, со цел да понудат услуги на краток патен сервис за патниците, индустриска опрема и ургентни медицински испораки.

Дронот може да лета до 150 km на час за скоро половина час, Цео-то на FACC Роберт Мачтлингер рече “Може да патува помеѓу 50 и 70 км. во зависност од товарот.”

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here